Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов
СДСМ ќе продолжи со лагите, a Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и по 11 декември ќе продолжи да реконструира и гради нови болници, да набавува најсовремена медициска опрема и да го развива здравствениот систем, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на тврдењето на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека од Министерството за финансии се одбиени најавени инвестиции во неколку здравствени установи.
- Проекти кои се обмислувани и подготвувани со месеци Шилегов ги прелистува во пет минути, застанува пред камери и започнува да се бламира тврдејќи дека нема да се реализираат. Граѓаните знаат дека ќе се реализираат. Граѓаните виделе со свои очи дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го вети - го реализира. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е партијата која од инвестиции во здравството инвестираше само во ѓердани и бисери за колешките на нивните министри, како и во продавање стентови под маса ставајќи етикета и цена на животот на граѓаните, пишува во соопштението на владејачката партија.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија