Реакција на ВМРО ДПМНЕ

Од СДС која е под водство на Венко Филипче од ден на ден докажува дека не знаат ништо освен лаги и конструкции.
Филипче секој ден докажува дека е само продолжен рака и верна сенка на неговиот другар Зоран Заев.
Така денеска, излегоа во јавност повторно со некакви конструкции за јавна набавка која не е ништо друго освен редовна набавка спроведена на транспарентен начин.
И во нивни стил смислуваат приказни со лажни информации, поточно дезинформации.
Да се обидеме да им разјасниме, се разбира, ако сфатат, ако не го потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го говори дека СДС нема иднина додека е под водство на Филипче, другарот на Заев.
Договорот за кој зборуваат со фирмата Дигитал оне, или постапката за оваа јавна набавка е направена под исти услови под кои правела и владата на СДС.
Дополнително, да им објасниме дека за договорите за набавка на сервери, наместо да се плаќа хост на приватни правни лица, сега за прв пат поседува сервери на кои самостојно се хостираат владините апликации. Третиот споменат договор исто така е склучен во транспарентен процес и набавени се компјутери по најниска понудена цена.
СДС тонат со сопствените лаги, а ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи за домаќинско користење на народните пари.
ВМРО ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
