Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Пишев
Општинската организација на СДСМ, на денешната прес-конференција ги отфрли наводите на пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ за наводен сомнеж за криминал со поскап превоз на ученици.
- Сите тендерски постапки на Општина Струмица се спроведени според Законот за јавни набавки и се чисти како солза. Ако не беше така, судските органи и органите на прогонот по директива на ВМРО -ДПМНЕ многупати досега ќе тропнеа на врата на Општина Струмица, рече Коста Костадинов од СДСМ.
Ги повтори прашањата од претходната прес-конференција за кои рече дека не добиле одговор од Пишев, а се однесуваат на тоа дали фирмата ,,Жикол‘‘ чиј директор е член на Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, а ги добил најголемите тендери од Општина Струмица за изградба на плоштадот во Струмица, катната гаража, гасификациската мрежа во Струмица... е дел од „Кланот Заеви“.
Тој повтори дека фирмата што според Пишев е блиска до СДСМ по законска постапка добила тендери во висина од безмалку 300 илјади евра, а само ,,Жикол‘‘, кој според Костадинов е близок до ВМРО – ДПМНЕ по иста законска тендерска постапка добила пет милиони евра од Општина Струмица, или скоро 17 пати повеќе.
Во однос на обвинувањата дека Општина Струмица на фирмата „Тритерол“ и плаќала скоро двојно поскап превоз отколку што плаќала Битола, Костадинов повтори дека само во последниве две години во постапките за превоз на ученици во Општина Струмица учествувале 13 понудувачи. Според него, од нив 12 вршеле превоз на ученици.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?