Реакција на МНР: Северна Македонија има конзул во Њујорк и не се предвидува негова замена со Бесмира Ејупи
Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.
„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи, во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, велат од МНР.
Ваквата реакција на Министерството следува по бурната реакција на јавноста откако медиумите објавија дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е преложена за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство