Реакција на Лекарска комора за последните случувања во здравството

Лекарската комора на Македонија најостро реагира на, како што наведува, партиските прес-конференции, изјави и наводни аргументи со кои се урива довербата на граѓаните во докторите и институциите на здравствениот систем, најчесто на штета на граѓаните и апелира до политичките партии во своите активности да користат факти и информации до кои е дојдено со проверени стручни методи и постапки кои реално ќе ја прикажат состојбата.
- Како професионална, невладина и непартиска асоцијација, Лекарската комора ниту има намера, ниту сака да се меша во стратегиите и активностите на политичките субјекти, но цени дека за темите од здравството и медицината секогаш во прв план треба да се компетентноста и одговорноста за она што се презентира, посочува или предлага, се вели во пишаната реакција од Лекарската комора на Македонија.
Оваа реакција, како што посочуваат од Комората, е иницирана од последните изјави на некои од политичките субјекти кои презентираа информации за смртноста на новороденчињата со кои директно се подрива довербата на граѓаните, особено на една исклучиво вулнерабилна група кон Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во која годишно има околу 6.000 породувања и која како врвна институција од оваа област во земјава ги прифаќа најспецифичните и најкомплицираните случаи на бременост и породување од целата република.
- Не треба да се изуми дека во рамките на оваа институција функционира и единствениот Оддел за неонатална интензивна нега и терапија, кој со својот технички и стручен потенцијал ги згрижува и им помага на новороденчињата на кои тоа им е неопходно за да зачекорат во животот, се вели во соопштението.
Лекарската комора на Македонија ги подржува сите идеи и предлози кои се во функција на подобрување на квалитетот на здравствените услуги и здравствената заштита во целост.
Комората, како што се додава во соопштението, со сиот респект ги прифаќа сите укажувања и на проблемите во националниот здравствен систем, меѓутоа како стручна асоцијација смета дека тоа треба да се прави стручно, компетентно и одговорно без импровизации и политиканства.
- Само на тој начин може да се надградува довербата меѓу пациентите и здравствените работници и да се креираат промени кон подобар здравствен систем во кој и пациентите и давателите на здравствените услуги ќе бидат позадоволни. Да не заборавиме дека довербата во институциите е градена со децении од исклучителни стручњаци и дека се што е постигнато во изминатите години може да се сруши со непромислени и неиздржани изјави, се наведува во соопштението од Лекарската комора на Македонија.
Ново на Сител
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
