Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски

Одговор на Љубомир Фрчкоски на инсинуациите искажани на прес конференцијата на Министерот за надворешни работи, од 14 Декември
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека МНР спровело истрага за работата на Амбасадорот во Постојаната мисија на Северна Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски, и импровизираше дека во неа Тој видел финансиски злоупотреби со шестоцифрени бројки...; но за нив не можел ништо да зборува...; туку ќе го предадел наводниот Извештај на правосудните органи кои понатам, ако одлучат, ќе постапувале...
Ова и од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста.
Го повикувам Министерот јавно, со минимум аргументи и докази, да покаже случај на, не мора шестоцифрена, ако му е многу, еве на двоцифрена злоупотреба на финасиски средства што јас сум ја направил надвор од овластувањата, кои со Законот за надворешни работи се овластувања на секој Амбасадор – и со тоа сум го оштетил буџетот или приватно сум злоупотребил средства од сметка на Амбасадата.
Го повикувам исто така Министерот да не прави крупни, елементарни правни пропусти (за да добие посакуван резултат со конструирање на наводни злоупотреби), праќајќи во ревизија нелиценцирани, ненадлежни ревизори во пензија (за што има докази и сведоци) – чија “истрага и акти – Извештај“ не може да бидат користени како никаков правен доказ ниту во дисциплинска ниту во судска постапка. Имено, да не води “вмровски истраги“ туку да води нормални истраги, ако воопшто сака и има намера да дојде до вистината и фактите.
Љубомир Д. Фрчкоски
Ново на Сител
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
