-->
-->
РЦУК Тетово: Се работи на расчистување на снегот од патот кон планинското село Сретково
-->
Регионалниот Центар за управување со кризи Тетово информира дека механизација на Општина Маврово-Ростуше работи на расчистување на патот до планинското село Сретково од снег, откако до нив била пријавено дека делницата не е проодна. Проблемот е пријавен преку eдинствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.
- По извршеното координативно информирање со општината, од Општина Маврово-Ростуше е добиено известување дека екипите се на пат кон селото за расчистување, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи Тетово.
Од тетовскиот ЦУК воедно информираат дека во селото во прекин е и снабдувањето со електрична енергија, за кој очекуваат да биде надминат кога патот ќе биде прооден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија