Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
Потенцијал има, стретегија нема. На стартот на туристичката сезона, државата без план како дa привлече повеќе туристи кои го полнат буџетот и ја придвижуваат економијата. Затоа компаниите кои организираат тури очекуваат бројот на странски туристи да остане ист како и лани.
- Недостасува поголема промоција, државата нема стратегија како да ги промовира убавините, странските гости сакаат да видат автентичност, ние тоа го имаме, а не знаеме како да го искористиме. Стари и дотраени ни се и сместувачаките капацитети, мора да се подобриме и во тој поглед, изјави Влатко Сулев, компанија за дојдовен туризам.
Последните податоци на државната статистика покажуваат дека најбројни се туристите од Германија, Турција, Франција, Грција, Бугарија и Србија. Има многу што да видат, а нема стартегија како да се задржат да останат подолго. Во просек престојуваат помалку од 2 дена.
– Странските туристи се фасцинирани од нашата култура, од нашата храна, вино, воодушевени се од архолошките капацитети. Но мора да се потрудиме да ги задржиме да останат барем 4-5 ноќевања, додава Сулев.
Туризмот може да стене главен двигател на економијата, да отвори илјадници работни места и да ја развие инфаструктурата. Дирекно или индиректно повлекува уште 15 други сектори. Но без план, ќе тапкаме во место, вели Сулев.
За разлика од нас, соседна Албанија очекува „бум“ во следните години. Во моментов е трета најбрзо растечка туристичка дестинација во светот.
Со вложувањата во инфраструктурата и агресивна промоција, бројот на туристи од 3 милиони во 2015, скокнал на 10 милиони во 2023-та. Според проценките до 2030-та се очекуваат 30 милиони странци да престојуваат во Албанија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар