-->
-->
Развоен турнир на УЕФА: Македонија ја совлада селекцијата на Казахстан
-->
Македонската репрезентација до 16 години со победа ги започна натпреварите од развојниот турнир на УЕФА кој се игра на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ во Скопје.
Нашата кадетска репрезентација по изведување пенали ја совлада селекцијата до 16 години на Казахстан.
Откако немаше погодоци во регуларниот дел, натпреварот го добивме со 5:3 по подобро изведување во пенал серијата. Македонија можеше да го реши мечот во регуларниот дел, но во два наврати избраниците на селекторот Добринко Илиевски, ја погодивме рамката од голот на Казахстан.
Во пенал серијата Македонија ги реализираше сите пет удари од белата точка, а младиот чувар на мрежата на црвено-жолтите Зибери одбрани удар на противникот во втората серија.
Македонската репрезентација до 16 години следниот натпревар го игра утре против селекцијата на Луксембур која во 1.коло загуби од Украина со 2:1
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека