Свет
23. March 2022 - 16:20

Разурнатиот украински град Мариупол снимен од дрон | ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

– Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено, вели тој.

Според него, 90 проценти од градот се исчезнати.

Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година и во право е, напиша Нишанов на Твитер.