Свет
10. November 2017 - 8:31

Разрешен главниот уредник на гласилото на кубанската комунистичка партија „Гранма“

Кубанските власти наредија смена на главниот уредник на државниот весник „Гранма“ Пелаио Тери Куерво.

Според штурото соопштение, објавено на насловната страница на самиот весник, се наведува дека Куерво е сменет затоа што дозволил да се случат грешки во работата на весникот. На негово место е именуван заменикот главен уредник Оскар Санчез Сера. Во соопштението не е наведено какви точно „грешки“ направил Куерво.

Кубанската комунистичка партија на Раул Кастро спроведува строга контрола врз медиумите во Куба, вклучително и со забрана за пристап до интернет, а весникот „Гранма“ е официјално гласило на Комунистичката партија.