Разоткриен: Познат бизнисмен и пратеник со години ги силувал своите кучиња
Во Загреб наскоро треба да почне судењето на хрватскиот бизнисмен и вработен во Европскиот парламент, кој физички и сексуално ги злоставувал своите две кучиња.
Загрепчанецот И.И. на возраст од 41 е уапсен во септември 2015 година, под сомнение дека физички и сексуално ги злоставувал своите кучиња и тоа од 2009 година.
И.И. за расата родезиски риџбек се заинтересирал на почетокот на 2000-та кога ги видел на меѓународната изложба на кучиња.
Кратко потоа го купил првото куче кое учествувало на изложби, а наредните години набавил уште неколку кучиња од тој вид.
Фатен е во склоп на акцијата за фаќање на педофили кои по пат на интернет искористувале деца. Тогаш истражителите забележиле ИП адреса од која се ширеле податоци за животните во експлицитни пози.
Оваа мејл адреса била регистрирана на фирма која се занимава со графички дизајн, а со седиште во Кнежево.
Сопственик на фирмата бил И.И., а по претресот на фирмата и неговиот стан во Загреб одземени се 111 ДВД и ЦД, мобилни телефони и мемориски картички, а откриено е дека користел барем 5 различни мејлови за ширење на спорната содржина.
Кучињата, мажјак и женка се пронајдени во лоша состојба, по се испратени во прифатилиште.
Обвинителството бара година дена затвор, додека тој одбра да се брани со молчење.
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан