Разговорите меѓу СПЦ и МПЦ најрано наесен
Разговорите меѓу Српската патријаршија и Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) би можеле да почнат најрано на есен. На нивниот тек ќе влијае повлекувањето на тужбите пред македонските судови против 18 владици, монаси и верници на Православната охридска архиепископија ПОА. Додека тоа не се случи, не може да се очекува никаков позитивен резултат на преговорите.
Ова, како што пишува „Вечерње новости“, е ставот на Синодот на СПЦ за продолжувањето на дијалогот со МПЦ. Клучен услов за преговорите, според Српската патријаршија, покрај повлекувањето на овие тужби, е и позитивното решение на процесот против Јован Вранишковски. Прекинот на неговото судско гонење, за српските владици би бил јасен знак дека и во Скопје постои волја да се постигне компромис меѓу двете цркви.
Од Српската православна црква велат дека не се известени официјално оти МПЦ-ОА го одредила составот на делегацијата која ќе ги води разговорите со Патријаршијата во Белград и оти информација за тоа добила од дипломатски извори и од медиумите. СПЦ до МПЦ на 25 јуни испратила одлуката на Саборот со која е одобрено продолжение на дијалогот и одреден составот на српската делегација.
До официјална средба би можело да дојде наесен откако кон крајот на август би се состанал Светиот синод на СПЦ и се усогласат техничките детали на разговорите.
Идните разговори ќе се одвиваат под надзор на Московската патријаршија, која ќе биде и некој вид гарант за договорените решенија. Во текот на процесот клучна улога ќе имаат рускиот митрополит Иларион, кој како шеф на Одделение за надворешни односи на Руската православна црква одиграл клучна улога за ослободувањето на владиката Јован.
Од него и од Московската патријаршија се очекува да бидат фактор кој ќе одигра пресудна улога во постигнувањето компромис, но само во согласност со канонскиото право кое важи во православието.
Од Српската патријаршија повеќепати посочуваа дека на МПЦ во преговорите не може да им понуди ништо повеќе од тоа што е предвидено со Нишкиот договор од 2002 година. Тој предвидуваше најширока автономија за Охридската архиепископија, која би имала право на избор на поглавар и самостојно дејствување. Согласно овој акт, од кој, како што пишуваат „Вечерње новости“ македоинските црковни великодостојници набрзо по потшувањето отстапија, СПЦ би била само формален носител на канонско устројство, а српскиот патријарх само би го потврдувал изборот на поглаварот на МПЦ.
Ново на Сител
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите