Разбудете ме кога ова ќе заврши – девојката на Авичи се прости од него!
Поранешната девојка на Авичи се огласи на Инстаграм, откако во петокот се прошири веста за неговата смрт на само 28-годишна возраст.
Емили Голдберг го призна кршењето на срцето од оваа вест преку Инстаграм пост со нивни заеднички фотки и кратка порака.
-Ајде, не се откажувај од нас. Одбери ме мене и ќе ти покажам што е љубов – тоа е дел од текстот на песната која Тим ја напиша за мене. Посакувам да живеев по овие зборови. Во тие две години додека бевме заедно тој ми беше најблискиот човек на кој се исповедав, и мојот најдобар пријател. Сега не можам да ги погледам фотографиите, а да знам дека никогаш веќе нема да му го видам лицето. Се уште ги собирам своите мисли. Ви благодарам на сите за пораките на поддршка. Разбудете ме кога сето ова ќе заврши, бидејќи не сакама да е стварно. Почивај во мир, Авичи – напишала Емили, која со починатата ѕвезда била од 2013 до 2015 година.
Ново на Сител
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност