Разбојништво врз двајца сопружници во тетовско Гургурница
Двајца повозрасни сопружници Б.А.(66) и А.А.(61) од тетовското село Гургурница синоќа, околу 23 часот во полициската станица во Жеровјане пријавиле дека биле нападнати од две непознати и маскирани лица.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, разбојништвото се случило околу 22 часот така што двајцата маскирани, кои носеле и ракавици наеднаш влегле низ незаклучената врата. Едниот се доближил до нив, додека другиот останал на вратата.
Еден од разбојниците со шрафцигер во раката му се заканил на Б.А. дека ќе го прободе доколку не му даде пари. Исплашена А.А. му рекла на сопругот да им ги даде парите од паричникот каде имало 450 евра. Сопругот на насилникот му дал само 400 евра, по што двајцата маскирани им ги зеле двата мобилни телефони, како и фиксниот телефон што го исклучиле од мрежата и избегале.
- По околу еден час од разбојништвото сопружниците го пронашле фиксниот телефон, фрлен во нивниот двор по што ја известиле полицијата за разбојништвото. Од страна на полицијата бил извршен увид и се работи на расветлување на сите поединости, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб