Македонија
29. March 2016 - 12:47

Разбојништво во обид: Со тврд предмет ја удрила вработената по глава

На 28.03.2016 година во 18.00 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во 17.00 часот во парфимерија на ул. „Маџари“ , А.С. (35) извршила разбојништво во обид. Сторителката, кога дошла на касата да плати, со тврд предмет ја удрила вработената по глава. Од вработените во соседните дуќан и истата била спречена да побегне. Полициски службеници ја привеле А.С. во ПС - Гази Баба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Ново на Сител