Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
Во услови кога цените на енергенсите постојано растат, а климатските промени стануваат сè поочигледни, интересот на граѓаните за мерки за енергетска ефикасност значително се зголемува. Сè повеќе домаќинства одлучуваат да инвестираат во модерни и ефикасни системи за греење и ладење, а државата и општините го поддржуваат овој тренд преку различни видови субвенции – од набавка на инвертер уреди, па сè до делумно покривање трошоци за електрична енергија.
Согласно анализите што го спроведе Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест -Скопје, најбаран избор во моментов се топлинските пумпи, односно инвертер климите, кои користат енергија од воздухот за одржување на температурата во домот. Овие уреди трошат и до четири пати помалку електрична енергија во споредба со традиционалните грејни тела, со што значително ги намалуваат трошоците на домаќинствата, но и емисиите на штетни гасови.
Трендот е особено видлив на локално ниво. Во Куманово, во текот на 2025 година, дури 102 домаќинства добиле финансиска поддршка од по 20.000 денари за набавка на инвертер клими. И покрај тоа што Општината ја зголеми субвенцијата за приклучок на гасната мрежа од 15.000 на 25.000 денари, бројот на апликации за оваа мерка значително се намалил.
Слични податоци доаѓаат и од други општини. Во Струмица, минатата година само едно домаќинство се приклучило на гасната мрежа, додека Општината издвојува околу 17.000 евра за поддршка на потрошувачката на гас кај шеесетина семејства. Во главниот град, пак, субвенциите за инвертер клими се поврзани со обврска за отстранување на старите печки на фосилни горива – мерка што година по година привлекува сè поголем број корисници.
На национално ниво, Министерството за енергетика останува главен мотор на овие промени, со повеќе од 2,4 милиони евра издвоени за субвенционирање енергетски ефикасни уреди и дополнителна финансиска помош за ранливите категории граѓани.
„Во изминатите две години намален е интересот на граѓаните за мерката што ја спроведува Општина Куманово, субвенционирање за приклучок на гасификациона мрежа, затоа што најглавната причина е чинењето на самиот гас по метар кубен, односно зголемената цена на гасот, речиси дупло. Голем број на домаќинства што беа приклучени на гасификционата мрежа, останаа приклучени, меѓутоа не го користат како енергенс за загревање“, истакна Емилија Сларидис Јаневска, секретар на Општина Куманово.
Таа потенцираше дека, спротивно на тоа, интересот за субвенционирање на клима уреди во Општина Куманово е многу голем.
Од Еко-свест наведоа дека анализите покажуваат јасен тренд: граѓаните најчесто се одлучуваат за енергетски ефикасни уреди, особено за инвертер клими, како најдостапно и исплатливо решение. Сепак, како што истакнаа, разликите меѓу општините остануваат големи – од активна институционална поддршка, до само симболични мерки.
„Потребна е јасна и централно координирана политика за субвенционирање, со можност Фондот за енергетска ефикасност да ја преземе администрацијата на ваквите програми и да обезбеди еднакви услови за сите граѓани“, заклучија од Еко-свест.
Суштината е јасна: вложувањето во енергетски ефикасен дом е инвестиција што се исплати со тек на време – преку пониски месечни трошоци, поквалитетен воздух и повисок стандард на живеење.
Современите решенија како топлинските пумпи, соларните системи, добрата изолација и интелигентните уреди за управување со потрошувачката се дел од новата реалност кон која се движи енергетски одржливиот развој.
Таквиот дом не е тренд, туку попаметен пристап кон трошењето, поздрава околина и сериозен чекор кон подобра и постабилна иднина.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
