Разбиена сириска мрежа: Парите од дрога ги претворале во златни прачки кои биле транспортирани и во Косово и во Македонија
Италијанските обвинители соопштија дека разбиле мрежа предводена од Сиријци, осомничени за перење пари од трговија со дрога во Италија и Франција, претворајќи ги парите во златни прачки. Златото потоа било транспортирано во различни земји, вклучително и во Косово и во Северна Македонија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на РЕЛ.
Италијанската полиција уапси пет лица во северните региони Пиемонт и Ломбардија и запленила 17 милиони евра.
Истрагата ја спровел заеднички тим, вклучувајќи ја и даночната полиција на Италија и француската жандармерија во Марсеј, а напорите беа координирани од страна на италијанската национална дирекција против мафијата и обвинителството во Марсеј, заедно со Европравда и Европол, наведуваат медиумите.
Според обвинителите во текот на повеќе од шест месеци, осомничените „заработиле" повеќе од 17 милиони евра од дрога, главно во Франција, и ги транспортирале парите во возила до област во близина на Пиемонт во Италија, која граничи со Франција.
„Таму, во соработка со три топилници за скапоцени метали во Пиемонт и Ломбардија, парите биле претворени во златни прачки со иста парична вредност. Златото потоа било транспортирано во Косово, Северна Македонија, Турција и Мароко, се наведува во соопштението.
Се посочува дека ова е првпат истражителите да успеат да го реконструираат протокот на пари од дрога, генерирани во странство, кои потоа биле претворени во злато - имот што полесно се транспортира.
Обвинителите велат дека идентификувале широка мрежа на сириски државјани вклучени во процесот.
Тие посочуваат дека француската жандармерија, исто така, извршила „апсења на други осомничени лица вмешани во собирање приходи од дрога во Франција".
МИА
Ново на Сител
-
Акциска контрола во Гостивар: Санкционирани пет лица за вршење јавен превоз без лиценца
-
Џ.Д. Венс: Доколку Русите ги отфрлат преговорите, тоа ке биде многу, многу лошо за нив
-
Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ по моделот на ОН
-
СПМ: Изјавите кои доаѓаат од ДУИ соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии
-
Германец скршил 5 пршлени на р'бетот при параглајдинг несреќа на Галичица
-
BMW X3, Citroen C4 и магацин на маркет изгореа вчеравечер кај Зелен пазар | ВИДЕО
-
Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година
-
Приведен 54-годишен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол