Разбиена петчлена група за недозволена трговија со дрога
МВР лиши од слобода пет лица, македонски државјани сите членови на криминална група за недозволена трговија со наркотичка дрога.
Како што соопшти МВР, случајот е реализиран на 23-ти овој месец по спроведена повеќемесечна истрага од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Според досегашните документирани сознанија, оваа криминална група подолг временски период наназад се занимавала со недозволена трговија и препродажба на кокаин низ улиците на Скопје. Имено кокаинот го препродавале како на дилери така и директно на наркозависници по цена од 60-70 евра за грам.
Дрогата ја набавувале од западноевропските земји и преку различни канали ја внесувале на територија на Република Македонија. Во рамки на акцијата која е дел од оперативната обработка “Mрежа” запленети се 20 грама кокаин, вага, возило Голф 5, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, а од осомничените времено одземени се и парични средства во износ од 40.000 евра.
Според планираните активности за реализација на случајот, при обид М.Р.(38) од Скопје да биде лишен од слобода, истиот со „Голф 5“ и совозач А.М.(27) се дале во бегство од индустриската зона Визбегово преку обиколница Скопје во правец нa Тетово. Во текот на бегството М.Р. со своето возило удрил во полициското возило. Од страна на полициски службеници на осомничениот му бил даден јасен знак за запирање кој не го испочитувал, по што од нивна страна најпрвин биле испукани предупредувачки истрели во воздух, а откако М.Р. повторно не го испочитувал предупредувањето било пукано кон возилото со цел негово онеспособување. Возилото е запрено на обиколницата пред с. Сарај при што од возилото се лишени двајцата осомничени.
Досега, во рамки на оперативната акција „Мрежа“ кривично пријавени се над 185 лица, а запленети се над 525 најразлични видови на наркотична дрога.
Ново на Сител
-
Марта Кос на дебата со членовите на АФЕТ, меѓу темите и проширувањето на ЕУ
-
Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме
-
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието
-
Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм
-
Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава
-
ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје