Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица

Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени.
Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари.
Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција.
„Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.
MИА
Ново на Сител
-

Вреди до Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
-

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
-

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град
-

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски
-

На Скопскиот аеродром приложиле фалсификувани визи, кривична за двајца турски државјани
-

Кривична против Сириец за криумчарење мигранти, меѓу кои и деца
-

Ковачев: Во Македонија над 180.000 граѓани имаат бугарски пасоши, 20.000 се во обработка
-

Приведена 23-годишна кавадарчанка, го нападнала нејзиното шестмесечно бебе
