Разбиена досега најголема организирана група на криумчарење мигранти
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на подрачјето на повеќе населени места, пришто е разбиена досега најголема организирана група на криумчарење мигранти.
- Преземени се дејствија за процесуирање на поднесената кривична пријава од страна на МВР на РМ против вкупно 23 лица. Меѓу осомничените има едно малолетно лице, а 4 лица се државјани на Република Албанија. Постои основано сомнение дека лицата сториле кривични дела - Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Оттаму посочуваат дека против 22 лица е донесена наредба за спроведување на истражна постапка и до судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен предлог за определување на мерка – притвор, а против малолетното лице до судијата за деца при Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесено барање за поведување на подготвителна постапка со предлог за определување мерка - притвор.
- Во моментот на 12 осомничени лица, достапни на органите на прогонот, им е определена мерка – притвор во траење од по 30 дена, а на едно лице мерка – куќен притвор. Другите 10 лица се во бегство и се преземаат мерки и дејствија за нивно пронаоѓање, се наведува во соопштението.
Од Обвинителството информираат дека за понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер
-
Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение
-
Почна со работа Центарот за обука на административните службеници
-
Државните спортски објекти се управувани од претпријатие кое престанало да постои во 2017, вели ДЗР
-
Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град
-
СДСМ: Режимски прогон против нашите градоначалници