-->
-->
Раул: Одбраната треба да биде подготвена за нивните контри
-->
Ракометарите на Вардар и во дуелот со полски Киелце од 6.коло од Б групата ќе влезат како првопласирани во групата и со евентуален триумф пред паузата ќе го задржат првоот место. Тренерот на Вардар Раул Гонзалез добро го познава саботниот ривал, особено што ланската сезона Вардар во четвртфиналето на ЛШ беше елиминиран од Киелце со два пораза (20:22 во Скопје и 31:33 во Киелце).
На денешениот прес Раул истакна:
- Имаме добра ситуација за првото место во групата. Ова е важен натпревар и добро е пто сега ќе играме дома и со победа ќе имаме 10 бодови што е многу важно. Нашата одбрана ќе биде на вистински испит и ќе треба да биде подготвена за нивните контри. Тие во своите редови го имаат и најдобриот пикер Агинагалде. Зорман нема да игра но тој не ја претставува екипата, таму има уште квалитетни играчи.
Во редовите на Вардар откако го пропуштија дуелот со Колдинг во тимот се враќаат Штербик и Душебаев. Стоилов и Деревен се повредени нема да играа, додека и Лука Циндриќ е неизвесен.
За Алекс Душебаев ова ќе биде нов дуел со тимот кој е предводен од неговиот татко Талант:
- Мислам дека е многу важен натпреварот. Тоа е екипа која лани играше на „фајнл фор“, но со помош на публиката можеме многу да направиме и да победиме. Не смееме да имаме грешки и тие не смеат да имаат контри.
Дуелот Вардар – Киелце се игра во сабота во СЦ “Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците