-->
-->
Раул: И против аутсајдерот Извиѓач ќе играме мотивирано
-->

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански" го пречекува тимот на Извиѓач во дуел од СЕХА лигата.
Тимот од Босна и Херцеговина е аутсајдер во лигата, но тренерот на „црвен-црните“ Раул Гонзалез секогаш претпазлив во своите изјави, повторно напомена дека секој противник треба да се почитува, и на секој меч да се игра максимално посветено.
- Вчера не трениравме, имавме одмор и не знам како ќе изгледа составот. Знам дека сите се подготвени за настап, така да ќе „кроиме" на денот на мечот. Треба да играме добро и треба да го почитуваме Извиѓач, без разлика на нивната ситуација на табелата. Ние сме фаворити, но не смее да се опуштиме. Ќе биде тешко, затоа што противникот има добри ракометари кои сигурно ќе сакаат да се докажат. Прво место сме на табелата во СЕХА, но и покрај тоа мора да играме максимално ангажирано затоа што секој меч мора да го користиме за воигрување, рече Гонзалес на денешната прес-конференција.
Со слични размислувања и капитенот Стојанче Стоилов.
- Се наоѓаме во одлична поциција во ЛШ и во СЕХА. Играчите се мотивирани, има добра атмосфера и одиме на победа. Фаворити сме, но не треба да се опуштаме затоа што за четири дена не чека важен натпревар во ЛШ. Се наоѓаме на добар пат, се надевам така ќе продолжиме уште долго, нагласи Стоилов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
