Расветлени 12 тешки кражби во Тетово, осомничени пет лица
Тетовската полиција информира дека се расчистени 12 кражби за кои е поднесена кривична пријава со која се опфатени пет лица. Обвинителсвото добило пријава од полицијата за четири лица од Тетово и едно од Џепчиште.
-Осомничените Б.Ќ, Ш.И. и О.М. сите по 28 години се сомничат дека се сторители на кражбите, а М.К (35). и Џ.К. (49) за „прикривање“. Б.Ќ, О.М. и Ш.И. во периодот од 7-ми до 28-ми октомври годинава, насилно обивале колонијални продавници во Тетово, кршејќи ги бравите и катинарите од влезните врати и по пребарувањето одземале предмети и пари. М.К. и Џ.Г., пак, од нив ги купувале одземените производи. Вкупната материјална штета што пријавените ја предизвикале со извршените кривични дела се проценува на 74.600 денари, информираат од СВР Тетово.
Освен за 12 тешки кражби осомничените се товарат и за две тешки кражби во обид.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација