Растурена забава во подземна гаража во Карпош, приведени осум лица
На 04.01.2021 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Македонија при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на коронавирус ковид-19. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата