Растот на БДП 3,9 отсто
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2015 година е 3,9 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите градежништво (33,7 отсти), финансиски дејности и дејности на осигурување (14,9), стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности (14,3) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,5 проценти).
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2015 година номинално расте за 3 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66,5 отсто.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување од 12,6 проценти.
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, експерт за комуникации
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје