Расте смртниот биланс: Учител и осум деца загинаа во напад во училиште во рускиот град Казан
Учител и шест деца загинаа во пукањето што се случи во училиште во рускиот град Казан, велат извори, пренесува БГНЕС. Локални медиуми јавуваат дека се повредени повеќе ученици.
Претходно беше соопштено дека две непознати лица отвориле оган врз училиште во Казан.
– Според прелиминарните информации, убиени се седум луѓе: шест ученици и еден учител, соопшти портпаролот на специјалните служби.
„Обвинителот на Република Татарстан Илдус Нафиков замина на местото на настанот. Околностите околу инцидентот се испитуваат”, се вели во соопштението на Министерството. На местото на инцидентот пристигна и претседателот на Република Татарстан Рустам Миниханов.
Набргу по пукањето, одекнала експлозија, соопштија специјалните служби. Тие уште додаваат дека за пукањето е виновен еден 17-годишен малолетник, кој е приведен.
Повеќе од 20 екипи на брза помош излегоа на местото на несреќата, објави Министерството за здравство на Татарстан.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила