Расте бројот на жртвите од протестите пред Врховната рада
Уште еден припадник на Националната гарда на Украина денеска почина, со што бројот на жртви од вчерашната експлозија на граната пред Парламентот, се искачи на три.
По вчерашните судири со ултрадесничарите пред украинскиот Парламент, хоспитализирани се околу 140 лица, од кои најголем број припадници на обезбедувањето, а 56 се припадници на Националната гарда.
По немирите, приведени се приближно 30 демонстранти, а 18 остануваат во затвор, меѓу кои и мажот кој ја фрлил гранатата. Тој е член на националистичката партија Слобода и се борел во Источна Украина.
Поголемиот дел од учесниците во насилниот протест се привразници на партијата Слобода, која има неколку пратеници во Врховната рада.
Демонстрациите беа организирани откако украинскиот Парламент го изгласа предлогот за уставна реформа, со која се предвидува поголема автономија на проруските сепаратистички области во источниот дел на Украина.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки