Расте бројот на заразени - каква е состојбата во инфективните одделенија
Само во изминатите 7 дена се регистрирани 784 новозаболени лица и 39 починати од Ковид-19. До денес се регистрирани вкупно 6080 заболени од коронавирусот во земјава.
Додека Институтот за јавно здравје ги подготвува денешните бројки, зголемениот број на заразени ги исполни капацитетите на инфективните одделенија во државава.
Вториот Ковид центар во земјава Детската болница во Козле ги полни своите капацитети. Во оваа болница има 20 пациенти кои се заразени со коран вирус и поради нивната состојба мораат да бидат хоспитализирани.
Од овие 20 пациенти, две се деца, а останатите се возрасни на возраст од 41 до 85 години, од кои двајца се на кислородна подршка поради нивната влошена состојба.
Освен што се полнат болничките капацитети она што ги загрижува докторите е дали вирусот се враќа кај веќе излечени пациенти.
Во овој момент има ваков случај кај две сестри од Куманово кај кои се прават тестови за да се провери дали има повторно присуство на Ковид-19, ова го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.
Официјална статистика за денешната бројка на новозаразени се уште нема, но од досегашните сознанија во периодот од 7ми јуни до сега во земјата се регистрирани околу 3000 новозаразени што е двојно повеќе од периодот од 26 февруари кога и беше регистиран првиот пациент со корона вирус.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега за сега нема основа за враќање на рестриктивните мерки, но и понатаму апелира граѓаните да се придржуваат до мерките кои се препорачани од надлежните.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
