Бизнис
10. July 2015 - 20:57

Расте бројот на граѓани и во вториот и во третиот пензински фонд

Порастот на вработени лица во земјава ја зголеми вредноста на средствата во задолжителните пензиски фондови. Лани во вториот столб биле уплатени околу 4,5 милијарди денари, односно износот пораснал за 23 отсто во однос на 2013та. Расте и довербата на граѓаните во доброволните фондови, лани во нив инвестирале околу 8 милиони евра.

Од вториот пензиски столб најмногу било инвестирано во државни хартии од вредност, депозити и акции како и инвестиции во странство,  од кои мал дел се во акции а остатокот во  удели на инвестициски фондови.

Лани бројот на граѓани кои доброволно уплаќаат пари во третиот столб се зголемил за 10 отсто во однос на 2013та, односно околу 20 400 Македонци ги вложуваат парите во овие фондови, и штедат за стари денови.