Растат тензиите околу Венецуела, САД испраќаат воен медицински брод
Во екот на политичките тензии со Венецуела, САД планираат да испратат воен медицински брод во регионот, што е последен знак за вмешаноста на Пентагон во политичката криза во таа земја, велат неименувани американски официјални претставници.
Се наведува дека САД денеска планираат да го објават можното заминување на бродот во водите на Венецуела и дека се уште не е одредено, кои земји во регионот ќе ги посети американскиот медицински брод. Минатата година американски санитетски брод „УСНС Комфорт“ се грижеше за бегалците од Венецуела и други, додека застануваше во Колумбија, Перу, Еквадор и Хондурас.
Јужната команда на американската војска, која ги надгледува американските единици во Латинска Америка, не го коментираше учеството на воен медицински брод во тој регион.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите