Loading Video...
Балкан
7. November 2022 - 12:24

Растат тензиите на северот на Косово

Косовските иснтитуции од денеска се без претставници на српскиот народ откако Србите на северот на Косово поднесоа оставки на сите позиции во локалната самоуправа, судството и полицијата.

Тие бараат од Приштина целосно спроведување на Бриселскиот договор, формирање на заедница на српските општини и повлекување на едностраната одлука за регистарските таблици. Поради ваквата ситуација претседателот на Србија, Александар Вучиќ побара од косовските Срби да се однесуваат одговорно и сериозно а ги повика САД да ги испратат КФОР и ЕУЛЕКС да ја вршат полициската работа на северот на Косово наместо Албанците со што би се избегнале инциденти. 

Американската амбасада во Приштина утрово побара од косовскиот премиер Албин Курти веднаш да формира заедница на српски општини а од Србите веднаш да се вратат во институциите. Курти пак вчера го повтори повикот до Србите да не ги бојкотираат и да не ги напуштаат косовските институции.

Инаку, Србите на Косово во саботата по 10 години учество во работењето на косовските институции донесоа одлука да ги напуштат истите а први кои се решија ан таков потег беа претставниците од полицијата.