Раст на прометот во индустријата

Прометот во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври 2014 бележи пораст од 8,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври,
бележи опаѓање од 3,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст од 4,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,3 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8 отсто, Капитални производи за 10,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 89,6 отсто.
Прометот во индустријата во октомври 2015 година, во однос на септември 2015 година, бележи раст 2,2 отсто, додека во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на периодот јануари-октомври 2014 година, раст од 9 проценти.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
