Македонија
2. јуни 2026 - 16:32
Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
Општествено одговорни компании организираа крводарителската акција во Штип. Да се подигне свеста во јавноста и да се помогне на оние на кои им е најпотребно е идејата по која се воделе бизнисмените од овој град.
За прв пат ваква акција организирале пред неколку години по јавните апели дека штипската трансфузиологија се соочува со недостиг на крв.
Освен успешни компании, менаџерите сакаат на овој начин да покажат дека бизнис заедницата може и мора да биде движечка сила во решавање на хуманитарните предизвици и да бидат поддршка за локалното население.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
