Раст на кредитите и депозитите, најмногу кај домаќинствата
И кредитите и депозитите во јули забележале раст. Податоците на НБРМ покажуваат дека на годишно ниво растот на депозитите е 11,3 проценти, додека на месечно 1,3 отсто. Притоа поинтензивен е растот кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, пак, поголем придонес кон раст на депозитите има секторот домаќинства.
Растот кај кредитите на месечна основа е 0,4 проценти што се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Во јули е забележано намалено кредитирање кај корпоративниот сектор. На годишно ниво растот на кредитите изнесува 6,2 проценти и во поголемиот дел 76,3 проценти е резултат на кредитирањето на секторот домаќинства.
Депозитите на корпоративниот сектор забележуват втор месец по ред раст од 2,3 проценти. Депозитите кај домаќинствата бележат нагорна месечна и годишна промена од 0,6 и девет проценти. Притоа поголем придонес имаат депозитите во денари.
Кредитите на домаќинствата во јули имаат месечен раст од 1,1 проценти и годишен раст од 10 отсто при што поголемиот дел се должи на кредити одобрени во денари.
Најзастапени се потрошувачките и станбените кредити кои во јули забележаа раст кој е 1,3 проценти кај потрошувачките и 1,5 проценти кај станбените. Годишниот раст кај потрошувачките е 11,2 проценти и 16 проценти кај станбените.
Автомобилските кредити на месечно ниво забележале намалување од 0,5 проценти, но раст на годишно ниво од 0,7 проценти.
Кај кредитите одобрени на кредитините картички нема промена на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од еден отсто.
Ново на Сител
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква
-
Најголемиот камен од марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола