Раст на бројот на работници во индустријата лани за 5,9 отсто
Бројот на работници во индустријата во декември лани во однос на декември претходната година бележи раст од 2,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци растот на бројот на работниците во индустријата во текот на 2018 година во однос на 2017 година изнесува 5,9 отсто.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 2,9 отсто, во секторот преработувачка индустрија пораст од 2,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за три отсто, капитални производи за 16,5 отсто, додека опаѓање бележи кај енергијата за 0,8 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“