Кошарка
17. November 2016 - 11:17

НБА: Порази за Кливленд и ЛА Клиперс

Екипите на Кливленд и на ЛА Клиперс ноќеска забележаа порази на дуелите од НБА лигата. Овие две екипи по вторпат загубија во новата сезона и сега имаат ист број на порази со Атланта и Голден Стејт.
 
Шампионот Кливленд е поразен на гостувањето кај Индијана, а за првакот не играше Леброн Џејмс.
 
ЛА Клиперс загуби дома од Мемфис, откако противникот во вториот период беше подобар со 35:18 и создаде недостижна предност.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Филаделфија – Вашингтон 109:102,
Орландо – Њу Орлеанс 89:82, 
Индијана – Кливленд 103:93, 
Бостон – Далас 90:83, 
Њујорк – Детроит 105:102, 
Атланта – Милвоки 107:100, 
Оклахома Сити – Хјустон 105:103, 
Торонто – Голден Стејт 121:127, 
Денвер – Феникс 120:104, 
ЛА КЛиперс – Мемфис 107:110, 
Сакраменто – Сан Антонио 105:110.
 
Пласман Источна конференција: Атланта 9-2 (победи-порази), Кливленд 9-2, Шарлот 7-3, Торнто 7-4, Чикаго 7-4, Бостон 6-5, Детроит 6-6, Милвоки 5-5,...
 
Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 10-2, Голден Стејт 9-2, Сан Антонио 9-3, Портланд 7-5, Оклахома Сити 7-5, Јута 7-5, ЛА Лејкерс 7-5, Мемфис 6-5,...