-->
-->
Распишана потерница за познат пејач
-->

Популарен пејач доби кривична, а полицијата распиша потерница по него.
Фолк-пејачот Дадо Полумента се најде на потерница бидејќи крадел струја во својот стан во Белград. Имено, „Електродистрибуција" против него поднела кривична пријава, но пејачот не одговорил на поканите за во суд, па затоа по него е распишана потерница, така што полицијата ќе го уапси штом ќе го забележи.
-Дадо Полумента ќе биде на потерница и полицијата ќе го уапси штом ќе го забележи. Неколку пати му се испратени покани на адресата што ја пријави како место на живеење, но тој не прими ниту една покана, бидејќи поштарите не го најдоа на дадената адреса. Ангажиран е и Одделот за потера, а поканата му беше упатена и преку лица што ги познава, но бадијала, тој не се појави на суд, открива извор за „Свет".
Според изворот, суштината на пријавата е тоа што пејачот недозволено се приклучил на мрежата на „Електродистрибуција" и крадел струја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
