Македонија
13. October 2015 - 17:32

Распишан конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Општина Велес

Општина Велес денеска го распиша конкурсот за доделување стипендии за талентирани ученици и студенти на Општина Велес.

 
Како што информира на денешната прес-конференција Бошко Караџов претседател на Комисијата, Советот на Општина Велес одлучи да додели осум стипендии за талентирани средношколци во висина од 1.500 денари за деветте месеци од учебната 2015/2016 и осум стипендии за талентирани студенти во висина од две илјади денари исто така за деветте месеци од оваа учебна година.
 
Караџов посочи дека е зголемена бодовната улога на материјално-економската состојба на семејството на ученикот/студентот.
 
- Оваа измена значи дека учениците и студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства би имале поголема можност за добивање на оваа финансиска помош, потенцира Караџов.