-->
-->
Распаднат женски труп пронајден во куќа во Прилеп
-->
Распаднат женски труп вчера попладнето е пронајден во куќа на улицата „Браќа Ламески 1“ во Прилеп. Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, станува збор за 49 годишната прилепчанка Милка Наумоска.
- Соседите почувствувале непријатна миризба и повикале полиција. Полицијата го нашла распаднатиот труп и според првичните сознанија, жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје, изјави Илиеска.
Обвинителството побара обдукција за да се утврди причината за смртта, а истрагата треба да покаже што се случило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
-
Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади
-
Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба
-
Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!
-
Шефот на НАТО повикува на деескалација по израелскиот напад врз Иран