Раскол во хрватската партија Мост

Хрватската партија Мост на независни листа (Мост), која по избоирте во неделата стана клучен фактор за состав на новата влада на Хрватска, се соочува со раскол, откако од неа е исклучен еден од најистакнатите претставници Драго Пргомет, јавуваат загребските медиуми.
Пргомет, е поранешен член на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и беше противкандидат на Томислав Карамарко при неговиот избор за лидер на партијата,
Информацијата за исклучувањето на Пргомет е објавена на официјалната страница на Мост на социјалната мрежа Фејсбук, а како образложение за таквата одлука се наведува тоа што тој вчера тајно одржал средба со актуелниот премиер и лидер на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ.
- Повеќе не го сметаме за наш член, се наведува во објавата на Мост, при што се додава дека Пргомет ќе го задржи пратеничкиот мандат и партијата нема да го осорува, нависно од тоа дали ќе дејствува независно, ќе го подржува Мост или ќе се приклони кон некоја друга политичка партија.
Хрватските медиуми оценуваат дека од денеска практично постојат две партии Мост, едната на Божо Петров и втората на Пргомет, на кого се очекува да му се придружат 11 од вкупно 19-те пратеници на Мост избрани во неделата.
Ново на Сител
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
