-->
-->
Раскинала со дечкото кој имал болен фетиш и изгубила повеќе од 100 килограми
-->

Пети Санчез намерно се здебелила и дошла до неверојатни 323 килограми, само за да го задоволи фетишот на своето момче.
По раскинувањето, се обидувала да го врати својот живот во нормала.
Морбидно дебелата девојка, конечно на своето поранешно момче му рекла „НЕ“ и успеала да си го спаси животот така што ослабела 107 килограми, а имала намера да ја продолжи диетата.

Во еден момент, Пети се стремела да стана најдебелата жена на светот, па на ден внесувала 13.000 калории. Таа е мајка на четири деца, а после диетата изјавила дека нејзиниот живот се менува на подобро.
- Бавно умирав. Сфатив дека правам некои работи само за да задоволам друг. Никогаш порано не се плашев од смрт, за тоа не ни размислував, станував се подебела и подебела. Кога го достигнав дното, кога не можев да отидамдо тоалет без помош од друг, се исплашив дека нема да можам да бидам тука моите деца и внуци. Сфатив што направив и жалам за тоа, - изјавила Пети.

Открила диета која има и активност, а тоа е храната да си ја припрема самата.
- Имам еден совет за жените. Немојте да дозволите да ве контролира партнерот и не му исполнувајте се што ќе посака. Погледнете ги моите последици, за малку ќе заминев во смрт, - завршила Пети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор
-
Азир Алиу: Државата во целост ќе го финансира понатамошното лекување на повредените во „Пулс“
-
Три села во Општина Кривогаштани оставени 2 месеци без вода на пеколни горештини, никој не им помага