Расказ на Томислав Османли објавен на италијански јазик

Италијанскиот електронски портал „Bombagiù“ го објави првиот дел од расказот „Малиот Немо во мундирот на Корто“ или „Океан од слики“ од Томислав Османли. Се работи за досега необјавен расказ на македонскиот автор кој, по иницијатива и во превод на Билјана Билјановска, првпат се објавува и тоа на италијански јазик.
„Малиот Немо во мундирот на Корто“ е прозна фантазија за возрасни напишана во вид на фантастична авантура во клучот на книжевноста и на стриповите за деца. Во неа главен јунак е Малиот Немо, ликот од ингениозниот стрип на Виндзор МекКеј, исполнет со раскошни визуелни фантазии, создаван некаде на почетоците на деветтата уметност.
Според Билјановска, расказот „Малиот Немо во мундирот на Корто“ е творба на одличен познавач на стрипот. Тој е познат и како автор на првата и се уште единствена македонска теоретска книга за медиумот и уметноста на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987 и 2002) за која стана лауреат на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика.
По избор од авторот, објавата на неговата проза во италијанското електронско списание е проследена со бројни глетки од стриповите за малиот Немо и за Корто и неговите епизодни јунаци Распуќин и вуду-волшебничката Златоустата.
Вториот дел на расказот ќе биде објавен следната седмица.
Ова е втора објава на проза од Османли во истото електронско списание, во кое Билјановска на италијанските проследувачи на популарниот портал им приопшти повеќе македонски автори со нивни есеи, прозни и поетски творби.
Претходната објава на Османли во електронското списание „Bombagiù“ беше сторијата „Небото на Сукот“ од неговата наградена збирка ракази и новели „Светилка за Ханука“ (2008), чии содржини доживеаја голем број меѓународни објави.
Ново на Сител
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
