Рашковски за мекиците кои ги делеше УМС: Додека вие си играте со мојот углед две лица загинаа во сообраќајки
Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски реагираше на акцијата на УМС ВМРО-ДПМНЕ кои денеска делеа мекици на минувачи, со цел, како што рекоа да му помогнат, бидејќи „сега кога повеќе не е на функција и кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени“.
Рашковски од името на своето семејство иронично им заблагодари за грижата во однос на нивната финансиска состојба по неговото заминување од Владата, и им порача да се занимаваат со посуштински и актуелни теми како што се сообраќајните незгоди или новите технологии.
„Навистина сте се потрудиле да бидете забавни и со високо ниво на сатиричност со спроведувањето на вашата акција, но додека Вие си играте со мојот и угледот на мојата фамилија и за времетраењето на вашата акција, на неколку метри од Вашиот перформанс, во тој период својот живот во сообраќајни незгоди го изгубија две лица. Додека Вие правите перформанси за забава, нашата земја за жал сеуште сме на врвот на листата по број на жртви од сообраќајни незгоди. Наместо млади и прогресивни луѓе како што се претставувате да се занимавате со нови технологии коишто треба да не направат европска држава и да ни го олеснат секојдневието, Вие подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика од која никој нема никаква корист“, вели Рашковски.
Во реакција тој ги повика младите од ВМРО-ДПМНЕ да присутвуваат на секое судење за лично да се уверат дека во неговото работење нема ниту едно криминално дејствие, ниту еден денар пари на граѓаните не се злоупотребени, ниту пак е прекршена било каква процедура при јавните набавки.
„Јас нема да Ви сугерирам од каде потекнува мојот и имотот на моето семејство којшто е плод на 20 години работен ангажман, за кои средства може слободно да проверите дека секоја година уредно се пријавувани како до УЈП, така и до ДКСК, туку доколку ги следите судењата самите сакам да заклучите дека целокупниот имот е стекнат на легален начин. Од Вас како прогресивни сили очекувам да поддржите проекти кои спасуваат животи независно од политичката определеност на учесниците во сообраќајот“, порача Рашковски.
На акцијата со мекиците, претходеше вчерашната изјава на Драги Рашковски, кој по судското рочиште кажа дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца по повод родендени, крштевки, мекици.
Ново на Сител
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
