-->
-->
Рашфорд: Имаме огромни амбиции, можеме да играме уште подобро
-->
Маркус Рашфорд го пофали англискиот национален тим по синоќешната победа над Велс (3:0) и пласманот во нокаут фазата на Светското првенство.
– Бевме малку разочарани по натпреварот со САД (0:0). Мислам дека можевме да одиграме многу подобро, па затоа беше важно да прикажеме добра игра на следниот натпревар. Во првото полувреме добро се браневме, само требаше да ги реализираме шансите и рано да ја убиеме играта. Драго ми е што стигнавме во следната рунда, имаме огромни амбиции. Мислам дека можеме да играме уште подобро, изјави англискиот напаѓач, кој беше двоен стрелец на овој меч.
Во осминафиналето на Мундијалот во Катар, Англија на 4 декември ќе игра со Сенегал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска