„Раша Тудеј Америка“ регистрирана во САД како „странски агент“

Главниот и одговорен уредник на руската ТВ станица РТ (Раша Тудеј), Маргарита Симојан изјави дека РТ Америка е регистрирана во американското Министерство за правда како „странски агент“.
Американското Министерство соопшти дека од РТ бара според Актот за регистрирање странски агенти, обелоденување информации за финансиското работење.
– Меѓу кривичниот случај и регистрација, го избравме ова второто. И честитаме на американската слобода на говор и на сите што уште веруваат во тоа, напиша Симојан на Твитер.
Досега Министерството за правда не одговорило на повикот да ја прокоментираат или потврдат регистрацијата.
Обвинувањата дека Русија се мешала во минатогодишните претседателски избори во САД во корист на кандидатот на републиканците Доналд Трамп направија дополнителен притисок врз РТ Америка.
Твитер минатиот месец објави дека веќе нема да дозволува огласување од РТ и други медиумски организации кои се поддржани од Кремљ, повикувајќи се на разузнавачки податоци дека таа ТВ станица „учествувала во напори да се влијае врз избори“.
Москва во повеќе наврати ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите и потезите против РТ ги смета за „непријателски акт“.
Пратеникот од руската владејачка партија „Единствена Русија“, Андреј Исаев вчера изјави дека странските медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, Радио Слободна Европа и Дојче Веле, можат да бидат погодени од законот, кој во моментот се подготвува во Руската дума за „медиумите-странски агенти“.
Рускиот Парламент минатата недела предупреди дека некои американски и други странски медиуими кои работат во Русија можат да се сметаат за странски агенти, со што ќе бидат задолжени да објават целосни информации за своето финансирање и вработените.
Според руските медиуми, Предлог-законот што се подготвува е „симетричен одговор“ на акциите на САД кон руската телевизија Раша Тудеј, на која и беше наредено да се регистрира во САД како странски агент.
Исаев прецизира дека соодетни органи на извршната власт, а не Думата, ќе одредат кои точно медиуми ќе мора да ги спроведат новите правила.
Потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој не ја исклучи можноста Законот за медиумите-странски агенти, да биде усвоен веќе на утрешната собраниска седница.
Ново на Сител
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
