Расел Кроу, наводно, се подготвува за брак

Тери Ирвин, вдовицата на Стив Ирвин, и Расел Кроу (52) веќе подолг период, според американските таблоиди се во врска, а сега наводно планираат и свадба.
Како што пишува „Њу Ајдија“, двојката наскоро би требала да ја потврди својата врска, бидејќи вдовицата на „Ловецот на крокодили“, повеќе не сака да се крие. Извор близок до неа додава дека двојката е многу вљубена веќе подолго време.
- Обајцата имаа тешки периоди во љубовта и имаат разбирање еден за друг, па веројатно тоа е една од причините поради кои толку добро се согласуваат, додава изворот. Исто така, американските таблоиди пишуваат дека двојката планира да се венча на интимна церемонија следната година.
Стив Ирвин загина пред десет години откако при нуркање го прободе ража. Расел Кроу пред четири години се раздели од сопругата Даниел Спенсер со која има два сина. Тери е мајка на две деца, 17 годишната Бинди и 12-годишниот Роберт. Стив и Расел со години биле најдобри домашни пријатели, а децата се уште им се дружат.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
