Расцутени цреши како подарок на кралското семејство до жителите на Тајланд

Сите електронски и пишувани медиуми во Тајланд денеска објавија снимки и репортажи за расцутените цреши во големата ботаничка градина во старата престолнина Чианг Маи, на 700 километри северно од Бангкок.
Ботаничката градина, во која се одгледуваат дрвја и цвеќе што не се карактеристични за тропските подрачја се оддржува со средства од богатото кралско семејство, а црешите се посадени во време кое овозможува да цутат за време на божиќните и новогодишните празници. Со овој чин Тајланд, покрај другото, го искажува почитувањето на традициите на блиските врски на Сијамското царство со западните цивилизации.
Покрај атракциите што сами по себе ги прават волшебните простори со расцутените цреши, големиот број посетители на древната престолнина на Тајланд од денеска до 5 јануари ќе ги забавуваат уметници од повеќе држави на АСЕАН и од Кина и Јапонија.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
