Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола попладнево поднела кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Имено, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе да измамат 92-годишен битолчанец.
-Делото го сториле на тој начин што другото лице телефонски им се јавило и ги довело во заблуда дека нивни блиски направиле сообраќајна несреќи и доколку не сакаат да одат во затвор ќе треба да им платат одредена сума на пари. Битолчанката на возраст од 88 години и 67-годишниот битолчанец им дале 54.000, односно 900 евра и 22.000 денари, а парите ги земал првопријавениот. Додека, 92-годишникот откако тргнал да ги однесе парите на договореното место, бил спречен од неговите син и снаа, посочуваат од Министерството.
По преземени мерки, како што наведуваат од МВР, истиот ден во 17:10 часот во Битола, полициски службенци од СБР Битола го лишиле од слобода Б.А. и при преглед кај него пронајдени се мобилен телефон и паричник со пари кои потекнуваат од кривичните дела. Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делата.
МИА
Ново на Сител
-

33-годишник се возел со „калашников“ во Арачиново
-

Струмица: Инспектор добил отказ па наместо да го предаде пиштолот го извадил и испукал куршум
-

Уапсено лице од велешко, возел со 2,84 промили алкохол во крвта
-

Единаесет месеци затвор за родителот од „Шкупи“, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница
-

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
