-->
-->
Расчистени седум тешки кражби во Горнореканскиот регион
-->
Две лица заработија кривични пријави како осомничени за повеќе кражби во регионот на Горна Река.
Од СВР Тетово, Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесна е кривична пријава против Б.М.(18) од село Сенце, Гостиварско и Љ.Д.(23) од Кичево.
Двајцата се сомничат дека сториле кривично дело „тешка кражба“, согласно член 236 од Кривичниот законик.
Првопријавениот се сомничи дека во текот на оваа година насилно провалил во шест куќи во селото Сенце, а Љ.Д се сомничи дека бил инволвиран во една тешка кражба во Сенце, при што одзеле огнено оружје и други предмети и апарати.
Одземеното е пронајдено кај пријавените и вратено им е на сопствениците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
